Пропадна и четвртиот тендер за „Чебрен“ и „Галиште“. Рокот истече денеска - понуди нема. Официјално од министерството за економија најавуваат дека дополнително ќе информираат но, сепак според информациите на А1, ниту една од трите компании што влегоа во трка за Хидроцентралите не доставиле понуда за проектот. Во игра беа италијанската „ЕНЕЛ“, германската „РВЕ“ и австриски „Вербунд“ но, се дознава дека Италијанците не покажале голем интерес исто како и Австријците, а Германците запреле дел од проектите во југоисточна Европа. Една од компаниите побарала продолжување на рокот но, власта сепак одлучила целосно да го поништи и да распише нов тендер за претквалификации на фирми. Овојпат не помогнаа ниту консултантските услуги на меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која ја советуваше владата како да не пропаѓаат тендерите на „Чебрен“ и „Галиште“ за што доби 100 илјади евра, но, тендерот повторно е неуспешен.
Пропадна и четвртиот тендер за „Чебрен“ и „Галиште“. Рокот истече денеска - понуди нема.
Официјално од министерството за економија најавуваат дека дополнително ќе информираат но, сепак според информациите на А1, ниту една од трите компании што влегоа во трка за Хидроцентралите не доставиле понуда за проектот.
Во игра беа италијанската „ЕНЕЛ“, германската „РВЕ“ и австриски „Вербунд“ но, се дознава дека Италијанците не покажале голем интерес исто како и Австријците, а Германците запреле дел од проектите во југоисточна Европа.
Една од компаниите побарала продолжување на рокот но, власта сепак одлучила целосно да го поништи и да распише нов тендер за претквалификации на фирми.
Овојпат не помогнаа ниту консултантските услуги на меѓународната финансиска корпорација ИФЦ, која ја советуваше владата како да не пропаѓаат тендерите на „Чебрен“ и „Галиште“ за што доби 100 илјади евра, но, тендерот повторно е неуспешен.
Сепак власта и натаму ќе продолжи да ги користи услугите на ИФЦ. Проектот „Чебрен“ и „Галиште“ вреден 700 милиони евра се најавува со децении, но и натаму останува само на хартија заглавен во тендерски постапки.
Во меѓувреме на терен речиси и да нема некоја друга посериозна инвестиција во енергетиката.